Виетнамката Тра Мај (26) можеби е една од 39-те жртви пронајдени во приколката-ладилник на индустрискиот имот во Есекс, Англија.
Како можна жртва, нејзе ја наведе член на една организација за заштита на човекови права од Ханој, објави британски „Гардијан“.
Таа на своето семејство испратила пораки во кои напишала:
„Мамо и тато, многу ми е жал. Не ми успеа планот за да си одам од земјата. Мама. Многу те сакам тебе и тато. Умирам бијдеќи не можам да дишам. Јас сум од Кан Лок Ха Тина. Виетнам. Мамо. Mногу ми е жал“.
Три виетнамски семејства се контактирани поради можноста дека нивните најблиски се можни жртви.
Утврдено е дека Тра Мај ги испраќала пораките во вторникот вечер, само неколку часа пред да бидат пронајдените телата на 31 маж и осум жени.