Пронашол чуден предмет на плажа – сега е побогат за 320.000 евра


Тајландскиот рибар Јурмус Тиачот (55) шетал по плажа во неговата земја, кога здогледал нешто чудно, предмет тежок околу шест килограми. Бил уверен дека станува збор за повраќаница од кит која во одредени делови од светот има многу висока цена.

Бидејќи Тиачот заработува околу 11 евра дневно, дополнителната заработувачка му одговарала, па започнал да се распрашува кај мештаните за да се спроведе некое тестирање.

Иако тие му рекле дека резултатот е негативен, го посетиле и локални официјални лица кои потврдиле дека навистина станува збор за повраќаница од кит.

– Три соседи дојдоа кога слушнаа што најдов. Земаа неколку примероци и рекоа дека сѐ ќе испитаат, но потоа кажаа дека тестовите ништо не покажале. Сакав да ја знам вистината, па ги контактирав властите. Сега знам за што станува збор и ќе го продадам тоа што го најдов – рече Тирачот.

Се проценува дека содржината од желудникот на китот вреди речиси 320.000 евра, судејќи по тоа како цените претходно се движеле.

Експертите утврдиле дека парчето содржи повеќе од 80 отсто од таканаречена амбер која се произведува во дигестивниот систем на китовите кашалот. Иако звучи одбивно, кога ќе се исуши дури мириса пријатно, поради што е многу барана материја во индустријата за парфеми.

Како пример, во 2016 година парче од амбер кое тежело 1,57 килограми е пронајдено во Ланкашир, а потоа продадено за 50.000 фунти. Истата година, три рибари од Оман извлекле 80 килограми од истата материја и го продале за 3 милиони долари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1