Корупциска афера во Албанија – вмешани и функционери од Македонија


Судот во Драч ја преиспитуваше одлуката, при што за дел од приведените и ја потврди одлуката од пред два дена за определување на притвор за 20 лица вклучени во скандалот за отуѓување на земјиштето во областа на заливот Лалез во соседна Албанија, пренесува Тетова Сот.

Меѓу приведените се поранешениот директор на катастар и поранешниот градоначалник на општина Ишми.

Поранешни службеници во Катастарот во Драч и други лица беа вклучени во отуѓување на голема површина на земјиште во заливот Лалез.

Рочиштето за преиспитување на нивните мерки на претпазливост се одржа под бројни полициски сили.

Нивниот притвор дојде по повеќемесечна истрага за десетици просторни телефонски прислушувања, снимање и следења на лица вклучени во оваа криминална активност.

Против сите процесуирани лица, покрај истрагите за криминалните активности, започнати се и имотни истраги за имотите и банкарски сметки што можат да ги имаат на располагање тие, нивни роднини или пријатели.

Извори од Обвинителството известија дека во аферата со отуѓување на имотот вклучени се и функционери од Македонија, кои со финансиките средства кои ги стекнале со корупција купиле недвижен имот на албанскиот брег.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1