Во Соборниот храм на митрополијата на Молдавија се случила страшна сцена на празникот Света Петка. Имено, во овој храм се наоѓаат моштите на православната светителка Света Параскева, а една Романка морала да подлегне на ритуал за да престане да вреска и лелека.
Таа толку избезумено врескала што полицијата морала да ја однесе до кивотот, бидејќи наводно била опседната со зли духови.
Постара жена облечена во црно ја држела и нешто ? зборувала, додека другата стоела покрај патот и повторувала некаква мантра. Покрај нив стоел и локалниот свештеник.
После неколку минути, жената оденаш престанала да вреска иако пред тоа испуштала застрашувачки звуци.
На крајот била толку исцрпена што морале да ја однесат до Брза помош.