Уапсени 8 лица во Виетнам поради смртта на мигрантите во камионот на смртта


Полицијата во Виетнам уапсила 8 лица за кои се верува дека се вмешани во смртта на 39-те луѓе во камионот во Есекс, објавиле денеска државните медиуми.

-Врз основа на сознанијата од осомничените, покренуваме истрага во борба и искоренување на тие прстени кои илегално донесуваат луѓе во Велика Британија – рекол за виетнамската новинска агенција Нгуиен Ху Чау, шеф на покраинската полиција Нге Ан.

Виетнамската полиција во петокот уапси 2 лица и повика други на испитување поради сомнение дека биле вмешани во инцидентот.

Ова се случило затоа што пратениците во Лондон рекле дека трагичната смрт треба да биде повик на будење на владата да го преиспита својот пристап на илегална миграција. Одборот за надворешни работи предупредил дека политиката усмерена кон затворање на границите ќе ги однесе мигрантите на опасни рути и ќе ги турне мигрантите во рацете на криумчарите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1