Арапскиот шеик Талиб бин Сакр Ал-Касами, овие денови бил во 4-дневна посета на Дервента, град северно од БиХ, а неговата посета кај тамошните жители предизвикала голема еуфорија, па за неговото доаѓање ќе се зборува со денови.
Како што пренесуваат локалните власти, шеикот за време на прошетката низ улиците, на децата им подарувал мобилни телефони и златни часовници, а на бабите и дедовците во старечкиот дом кој го посетил им давал пари. Медиумите пренесуваат и дека жителите на улиците излегле во работна облека, а кога децата ги опоменале дека дошол владетелот на еден од седумте емирати, брзо се пресоблекле во свечени облеки.
Дермента не памети дека еден ваков гостин, а особено владетел, со исклучителна едноставност, непосредност и широко срце, толку го развесели нашиот народ. Секое дете кое го сретна го бакна на главата, а корисниците на Домот за стари лица – на рака, и исто така парично ги почести – изјавил сопственикот на хотелот во кој престојувал шеикот.
Иако на почетокот граѓаните не се чувствувале пријатно поради толку подароци, шеикот порачал дека би било грев тоа да не го направи, кога веќе има можност да усреќи некого.
Освен што уживал во убавините на градот, шеикот најавил дека во иднина во Дермента планира да донесе и некои арапски инвеститори.