Првата жена од Балканот која ќе работи со злогласниот „крал на Инстаграм“ ФОТО


Ула Шемоле е првата жена од Балканот која ќе работи и ќе се забавува во друштво на мултимилионерот Дан Билзеријан (38).

Пред еден месец, балканската инфлуенсерка Ула Шемоле (30) добила понуда која, како што рекла, не се одбива. Поточно, наскоро ќе стане дел од најразузданите и најпопуларните забави во светот. Станува збор за забави организирани од страна мултимилионерот, попознат како „кралот на Инстаграм“, Дан Билзеријан (38).

– До соработката дојде преку социјалните мрежи. Јас и Дан имаме неколку меѓусебни пријатели, тој ми испрати понуда. И, тука сме каде што сме – рекла возбудената Словенка и додала:

„Дан е Дедо Мраз за возрасни. Кој не би се дружел со него?“

Билзеријан го следат речиси 30 милиони луѓе на Инстаграм, а сè што можете да видите на тој профил е низа скапи автомобили, ред голи девојки и на крајот, ред оружје.

Девојките кои позираат со „арогантниот крал“ се претежно супермодели, згодни инфлуенсерки и порно-актерки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1