Интензивни снежни врнежи се очекуваат понатаму ширум алпсикиот регион додека во регионот односно особено во Црна Гора, Албанија и во делови од Босна и Херцеговина има услови и за локално ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ кое има опасност да услови и локални поплавувања. Врнежи ќе има и во остатокот од регионот во следните два до три дена каде исто така има помали услови за локални поплавувања. Количеството на врнежи кое се очекува на некои места ќе надмине и 100 л/м2.
Сето ова е поради силното влијание на циклонот кој е доста длабок и го носи името ЗЛАТКА. Циклонот ќе биде проследен и со СИЛЕН до ОЛУЕН ветер од јужен правец кој понекаде ќе достигнува брзина од над 100 км/час и може да услови проблеми.
Циклонот златка ќе влијае и на времето кај нас и тоа најпрвин по ветерот кој на повеќе места понатаму ќе биде засилен по интензитет и локално особено утре и во понеделник ќе достигнува брзина од над 80 км/час. Најпрвин на запад ќе има услови за локални послаби врнежи од дожд а во текот на утрешната ноќ кон понеделник од запад во нашата држава ќе навлезе поголем бран на врнежи кој ќе се прошират речиси насекаде и во понеделник најинтензивни ќе бидат особено на запад каде локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог, ќе има услови и за локална нестабилност проследена со грмежи.
За нови и подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ