Силен земјотрес го погоди Чиле додека илјадници протестираа – потресот снимен со камера (ВИДЕО)


Силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди синоќа Чиле, но нема информации за повредени или за предизвикана материјална штета. Според најавите на надлежните, не постои опасност од цунами.

Американскиот геолошки институт информираше дека земјотресот бил со јачина од 6,0 степени и дека епицентар се наоѓал 28 километри југозападно од Илапел, Чиле во близина на централниот брег на земјата. Земјотресот бил со длабочина од 49 километри.

Властите во Чиле соопштија дека земјотресот бил почувствуван во главниот град на земјата и централните градови, а камерите снимија кога тоа се случи среде најновите протести против владата на претседателот Себастијан Пињера.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1