Владата го повлече законот за продажба на марихуана


Владините измени во Законот за опојни дроги и психотропни супстанци се тргнати од дневниот ред на Собранието и предлогот е вратен на доработка во Министерството за здравство. Министерот Венко Филипче вели дека тоа е направено по барање на невладините организации, кои имаа серија забелешки на законскиот текст.

Артан Груби, претседателот на Комисијата за европски прашања потврди дека за ваков закон е потребна поширока дебата и дека за постапката се интересирала и француската сенаторка Елен Конве-Муре, при средбите со пратениците во македонското собрание.

Минатиот месец законот беше пратен во Собранието со европско знаменце. Немаше објаснување зошто овој закон беше даден најпрво на разгледување во Комисијата за европски прашања, а не во Комисијата за здравство како матична комисија за оваа проблематика. Немаше никакво објаснување зошто на ваков предлог-закон е ставено европското знаменце. И европски дипломати за ова брифираа дека во Македонија се злоупотребува европското знаменце кое треба да се употребува за законски проект ишто се однесуваат на прилагодување на европските стандарди во Македонија.

Со овој закон треба да овозможи извоз на сув цвет од канабис. 29 фирми веќе имаат лиценци за одгледување на ова растение за медицински цели, но интересот постојано расте, се вели во образложението. За невладините, спорно е што Владата си дава одлучувачка улога во доделувањето лиценци без каква било надворешна контрола и барањето банкарска гаранција од 500 илјади евра. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ изнесе сомневање дека законот е за богатење на три фирми во сопственост на семејството Заеви.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1