Потврдена средбата Пендаровски-Макрон во вторник во Париз


Претседателот Стево Пендаровски следната недела ќе престојува во посета на Франција, каде ќе биде дел од Парискиот мировен форум, а потврдено е дека ќе оствари и средба со францускиот претседател Емануел Макрон.

Претседателот на Македонија ќе има средба со својот француски колега на 12. следната недела во Париз.

Претседателот вчера во изјава за медиумите рече дека се прават напори да се добие средба на што е можно повисоко ниво во Француската Република и дека дипломатијата продолжува со евроинтеграциите и дека фокусот е Франција.

-Правиме усилби практично од првиот ден, практично веднаш по последниот бриселски самит на ЕУ да добиеме средба на што е можно повисоко ниво во Француската Република и директно со претседателот Макрон и со луѓето околу него што точно побаруваат од нас и да ја надминеме таа крајно непријатна ситуација, рече Пендаровски.

Пендаровски во Париз ќе престојува на 11,12 и 13 ноември.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1