Пандев намерно доби жолт картон – пишуваат италијанските медиуми


Италијанските медиуми велат дека Горан Пандев намерно добил жолт картон во 90-сетата минута на мечот против Хрватска, и тоа без никаква припина тукус самиот си исценирал кавга за да добие жолт картон, коментираат медиумите.

Пандев заради тој жолт картон ќе го пропушти мечот против Србија во Скопје, а според италијанските медиуми Пандев токму тоа и го сакал, бидејќи сака што поскоро и без повреди да се врати во Неапол. Неговиот клуб следниот викенд го игра дербито со Јувентус, а Пандев најверојатно одлучил дека му е поважно да игра против Јувентус и така ја оставил на цедило македонската репрезентација.

За истото Италијаните го обвинуваат и Чилеанецот Артур Видал, кој во мечот против Еквадор заработи црвен картон. Пандев сепак тоа го стори посуптилно од Видал, но она што е интересно е што Видал пак е играч на Јувентус.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1