Проштално писмо кое растрепери многу срца


 

24 годишниот Дејвид Роуз од Калифорнија  на членовите од своето семејство и пријателите им пишувал проштално писмо, не ни помислувал дека со истото ќе ги допре милионите читатели ширум светот.

Дејвид од раѓање боледувал од церебрална парализа, а поради  други здравствени проблеми, целиот свој живот тој бил глув. Кога заболел од тешко воспаление на белите дробови, напишал писмо, а својата сестра  ја замолил, во случај на негова смрт, писмото да го објави на неговиот блог.


“Денес дознав дека имам воспаление на белите дробови.

Не станува збор за лесно воспаление, она од кое кашлате неколку дена, а потоа се враќате дома и си јадете сладолед. Станува збор за воспаление по кое најверојатно нема да одите дома. Ова воспаление се развива и кај здравите луѓе кои тренираат и кои се во состојба да кренат автомобил, па затоа не знам како тоа ќе изгледа во мојот случај. Никогаш не сум бил во теретана, но два пати сум бил во кома. Всушност, втората кома беше добра затоа што имав смешни соништа. Најчесто за мојата најдобра пријателка Кејт.

Во својот живот имав три пријатели со церебрална парализа сериозна како мојата, а тие заболеа токму од вакво воспаление на белите дробови. Отидоа во болница и повеќе никогаш не се вратија. Прва беше Табиха. Таа имаше само 10 години и заедно бевме на училиште. Нејзината смрт за мене беше многу тешка затоа што не можев да сфатам зошто таа не се врати. Бев премногу млад, а затоа што сум глув, учителите не можеа едноставно да ми ги објаснат таквите нешта. Дури неколку години подоцна сфатив за што станува збор.

Кога имав 17 години, мојот пријател Џон почна да кашла, па затоа и него го однесоа во болница. Никогаш повторно не го видов. Со својата количка често се удираше во мојата и тоа нас не смееше. По Џон, никој тоа повторно не го правеше.

Последната личност беше Елен. Тоа се случи пред неколку години. Беше постара од мене. Имаше околу 35 години и живееше блиску до мене. Почна премногу да кашла и ја однесоа во болница. Многу ми недостасува Елен, имаше прекрасна насмевка.”

Затоа, го напишав ова писмо и ја замолив Никол да го фрли доколку се биде во ред, а потоа ќе напишам ново со многу вицови за женски гради. Но, доколку за неколку недели ме снема, ја замолив да го објави. Затоа, доколку ова го читате, значи дека веќе ме нема, а јас сакам да им се заблагодарам на некои луѓе и да им кажам неколку нешта.

На самиот почеток, ме интересира дали има звуци на небото. Верувам дека има, но не сум сигурен дали го сакам тоа. Овде на Земјата бев глув и задоволен, а никој не успеа звукот добро да ми го објасни, па затоа тоа не ми ни недостасуваше. Но, ако е тоа дел од пакетот, подготвен сум да го прифатам. Кажете нешто и можеби ќе слушнам.

 

Имам и порака за некои луѓе.

Мамо, те сакам. Ти си најдобрата мајка во историјата! Никол, знаеш дека те сакам! Ти си најдобрата сестра. Ви благодарам што понекогаш поради мене моравте да го игнорирате сопствениот живот.

Никол, те молам биди среќна. Среќа никогаш нема да пронајдеш во некој маж или во алкохолот. Ќе ја пронајдеш во себе и мораш да научиш како повторно да сакаш. Тоа сега го можеш и без моја помош. Тоа што ти се случи сега веќе е стара вест и време е за нов живот. Те молам, прави го она што отсекогаш си го сакала. Знаеш за што зборувам. Јас ќе те гледам и ќе се погрижам да бидеш среќна.

Тато, ти простувам и те сакам. Ти благодарам што дојде да ме посетиш.”

Во продолжението на писмото Дејвид им се заблагодарил и на некои свои пријатели и луѓе кои му помагале:

Имам и некои добри пријатели, Сите сте прекрасни и ме смеете. Кени, се надевам дека еден ден ќе видиш убаво лице. Сакам да го добиеш моето ДВД од Телор Свифт и да го слушаш. Јас сто пати го гледав, па затоа би било во ред доколку некој и го слушне. Тоби, ти можеш да ги добиеш моите постери од Тејлор Свифт. Некој нека му каже дека тоа не е навистина таа, туку дека станува збор само за нејзина слика. Смешен Роби!

Би им се заблагодарил и на своите интернет пријатели кои долго време ми ја испраќаа својата љубов и својата надеж.

Имам и некои нови пријатели кои не ги знам најдобро, но се супер. Ерин, твоето скршено срце ќе заздрави, но не пред ти да му го дозволиш тоа. Се надевам дека ангелите ќе изгледаат како тебе”.

По бројните пријатели кои што тој ги споменал и на кои им се заблагодарил, Дејвид одлучил да ја заврши својата проштална порака:

“Во својот краток живот научив дека овој свет посебен го прават добрите луѓе како вас. Во спротивно, би станувало збор за досаден син камен кој се врти околу Сонцето, барајќи неволји. Посебни сте. Сите сте единствени. Сакајте се и смејте се. Добрата шега е добар лек. Погрижете се сите околу вас да имаат насмевка на лицето, добро? Секогаш правете го она што е правилно. Секогаш! Но, простете си и доколку некогаш заборавите така да постапите.

Сега морам да одам. Ве сакам. Навистина ве сакам. Неверојатни сте. Никогаш нема да ве заборавам!

Дејвид”

fakulteti.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1