Героски за Рекет: Имав непријатни разговори, притисоци од Кирацовски, ме следеа…


Новинарот Бранко Героски, кој со своите колумни ги разоткри аферите Рекет 1 и 2, во гостувањето во „Што не е јасно“ на телевизија Алфа, проговори за процесот на разоткривање на аферите, заканите и притисоците врз него, како и за физичките следења од страна на луѓе кои решиле да се занимаваат со движењата на новинарот. Иако од страна на јавноста беше перцепиран како новинар кој ја поддржуваше СДСМ да дојде на власт, тој вели дека отсекогаш бил новинар кој бил критичар на постоечките власти.

Не бев силен поддржувач на СДСМ, бев силен поддржувач на идејата за промени. Не сум венчан за една гарнитура на која ќе и обезбедам постојана поддршка за се. Немам практично „ден на власт“, постојано сум критичар на постоечките власти, некои луѓе не го разбираат тоа и така дојдовме во овој непосакуван конфликт, но нема ништо да промени на мене и мојата улога како новинар, изјави Героски.

Тој рече дека во неговите колумни при првото отварање на скандалот Рекет 1 псевдоними користел затоа што имал созанија кои не биле поткрепени со директни докази и постоела можност да се направи сериозен дефокус и наместо со аферата Рекет да почнат тие личности да се занимаваат со него како новинар.

Директни закани немав од сегашните осомничени, но имав некои непријатни разговори со тие луѓе. Имав постојан притисок од господин Кирацовски да ја објаснам неговата позиција во целата афера како „Кики“, но на крајот го сторив тоа, но можеби згрешив што ја прифатив таа експлицитна молба која се разбира како дека попуштам. Притисоците беа во насока на тврдењата на мои колеги и политичари дека начинот на кој ја разоткривам вистината е непрофесионален и опасен кој може да ми донесе штети и опасности.

Героски откри и дека врз него се вршело и физичко следење, од страна на личност која не е позната за јавноста, во тек на негов разговор со еден од сегашните министри, при што Герсоки го пријавил случајот во МВР од каде е испратена и службена белешка до јавниот обвинител, но и по поминат еден месец дена нема реакција за тоа од надлежните.

Интервјуто со Геровски е во вториот дел од емисијата

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1