Героски: Заев, Дончев и Филипче објективно ја злоупотребиле службената должност во Рекет 2


Бранко Героски, новинарот кој ги разоткри криминалните дејства на луѓето околу и во владејачката партија СДСМ, за „Што не е јасно“ на телевизија Алфа рече дека не може да каже кој е „брадестиот човек“, односно свештеното лице, коешто посредувало во рекетот на Дијамед од страна на Ден Дончев.

-За жал не можам да кажам повеќе за тоа. Владиката Тимотије денеска даде изјава во која посочи дека ако постои одговорност ќе биде понесена претпоставувам и од црковната организација каде што е тоа лице. Не можам да го посочам затоа што ќе направам прекршок и затоа што тоа не е мој исказ, јас само пренесувам исказ. Свесен е и црковниот врв и обвинителката, ако се сите свесни нека работат и нека истражат кој е.

Тој рече дека во случајот на Ден Дончев постои објективно злоупотреба на службена должност и овластувања, но не е исклучен на некој начин и самиот премиер бидејќи во текот на продажбата на една приватна компанија на странска компанија која ја купува, е вршено директно влијание, за што постојат веќе цврсти материјални докази, постојат писма упатувани потпишувани до шведскиот инвеститор, постојат разговори водени со шведскиот амбасадор, со генералниот менаџер на таа шведска компанија во кои компанијата е обесхрабрувана да не ја купува македонската компанија под изговор дека наводно се врши истрага, во време кога истрага нема. Но подоцна кога истрага постои, не е работа ни на премиерот ни на директорот на Фонд за здравство, ни на министерот да ги кажуваат сознанијата на истрагата кои сеуште се на стаклени нозе.

Героски рече дека ниту Орце Камчев ниту некој друг му дал пари за да напише нешто и дека сите пари ги има заработено од плати, дивиденди и продажба на удели од поранешен Дневник и дека не постои човек кој може да каже дека му дал пари на Героски за да пишува. Тој рече дека власта на СДСМ измислува приказни за да го оцрни.

-Никој не ме штити зад мене стои силната желба да пишувам за вистината и семејство кое трпи за таа моја улога но сепак ме толерира. Не постои странска сила иако мислам дека странските дипломати кои внимателно ја следат Македонија внимателно го следат она за што јас пишував и што се случува околу мене. Кога бев во неволја се обратив до странски амбасади и добив поддршка, изјави Героски за заштитата и за неговата комуникација со странските амбасади.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1