Канал 5 ТВ дознава дека една компанија која се занимава со увоз на нафтени деривати и продажба на истите, и која неретко добива тендери од јавни претпријатија и општински компании, направила сериозен прекршок
Имено, таа фирма при царинењето на нафтените деривати, случајно или намерно ги пријавувала деривати под „погрешна“ единица мерка, при што е направена „замена“ – килограм со литар.
Поради фактот што соодветната фирма , оваа „замена на единици мерки“ го правела подолг период , Царината пресметала дека фирмата треба да плати глоба во висина од околу 2 милиони евра!
Канал 5 ТВ го знае идентитетот на оваа компанија, и има информација дека глобата се уште не е платена од страна на прекршителот.
Повеќе на – Канал5.мк