12 пратеници со иницијатива за една изборна единица


Иницијативата за промена на изборниот модел со една изборна единица наместо со сегашните шест, зад која застанаа 15 пратеници, во најскоро време ќе поднесе закон за измени на Изборното законодавство во кој ќе се имплементира нивното барање за кое имаат поддршка и од владејачката СДСМ. Предлагаат отворените листи што ги иницираат да се воведат од следните локални избори, со еднаква родова застапеност, односно по 50 проценти мажи и жени.

-Иницијативата за една изборна единица останува на барањето за вклучување во преговорите за изборниот модел и законик воопшто. Едногласни сме за поддршката на една изборна единица како модел и согласни сме дека нема да гласаме за Изборниот законик без внесување на овој модел, изјави Лилјана Поповска од ДОМ, која е меѓу 15-те пратеници што стојат зад иницијативата, која денеска организираше тркалезна маса за промени во изборниот модел.

На тркалезната маса учествуваа иницијаторите, претставници на поголемиот дел од малите политички партии и независни пратеници, претставници на канцелариите на ОБСЕ – ОДИХР, Европската комисија, а беа поканети и лидерите на најголемите партии вкулучени во промените на изборното законодавство, од кои присуствуваше само премиерот Зоран Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1