Влада на денешната 162 редовна седница ја одобри гасификација на КПУ Затвор Скопје за намалување на аерозагадувањето, обезбеди буџет за изградба на детски градинки во Чаир и Лозово и за опрема во градинките во Куманово, Брвеница и Босилово, а ја започнува и подготовката за пилот програма за сексуално образование.
На седница, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, е прифатена Информацијата за одобрување финансиски средства на Општина Ѓорче Петров од Буџетот на Министерството за здравство во износ од 14.400.000,00 денари кои ќе бидат наменети за изработка на урбанистичко проектни документации, основни проекти за инфраструктура и елаборат за геолошки и геомеханички својства на почвата за потребите на Урбанистичкиот план вон населено место Веле Поле, Општина Ѓорче Петров, каде што треба да се гради новиот Клинички центар.
Владата ги прифатила и измените на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година и ги зголемила средствата наменети за замена на постоечките нееколошки системи за греење во административните и други објекти во сопственост за државата во најзагадените градови со цел замена на системот за греење на Казнено-поправната установа Затвор Скопје. КПУ Затвор Скопје, кој сега користи екстра лесно масло за затоплување со оваа пренамена ќе се загрева на гас, што со оглед на локацијата на котларата во населено градско подрачје е од големо значење за намалување на аерозагадувањето во општината и градот пошироко.