Бразилската манекенка Адријана Лима , иако минатата година се прости од ангелите на Викторија , и натаму снима и настапува , секако и натаму изгледа прекрасно.
Адријана ги доби сите пофалби за фустанот што го избра на доделувањето на наградите за пробив на годината во Монт Вју, Калифорнија, што се одржа вчеравечер . Долгиот блескав фустан ја следеше линијата на телото, што дополнително го истакнуваше со шлиц, како и со асиметричен врв.
Округлиот преклоп на половината дополнително ја истакна линијата на песочен часовник, а темната боја на фустанот ги потенцира нејзината темна коса и светли очи што дефинитивно ја издвојува од другите модели.
Адријана е една од најуспешните и најдолготрајни ангели (носеше долна облека за брендот Викторија Сикрет од 1999 до 2018 година) и денес е меѓу најплатените модели на светот иако има 38 години. Таа пораснала во сиромашно семејство и се пробила кога на 16 години победила на избор за убавина.
Лима е мајка на две деца и е во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ. Интересно е што таа застана на пистата како ангел во 2012 година, само два месеци откако се породи. Инаку, како девојче, таа имала желба да стане монахиња, и, наводно, ја зачувала невиноста до стапувањето во брак.
Адријана ја одржува формата благодарение на боксот, што го практикува повеќе од 18 години. Како резултат, таа се здружи со Пума за создавање сопствена спортска колекција.