„Имаше денови кога лежев во кревет, плачев и голатав дрога – ме спаси еден човек…“


Биографијата на раперот Еминем (47) со наслов „Not Afraid: The Evolution of Eminem“, вчера ја здогледа светлината на денот, а во неа се кријат досега непознати работи за животот на овој познат музичар.

Раперот славата ја стекна во деведесетите години од минатиот век, но таа во еден момент го „удри во глава“. Дневно земал по триесет „Викодин“ , а еднаш бил и блиску до смртта, но му помогнал Елтон Џон (72).

– Славата ме удри како со цигла – рекол Еминем кој во тоа време постојано се забавуваше, конзумираше алкохол, разни дроги, носеше наполнето оружје со себе, се тепаше и неколку пати беше на суд.

Таа критична 2007 година, како што пишува во книгата наеднаш зел четири вриќички хероин. Докторите му кажале дека ако дошол два часа подоцна ќе умрел.

– Имаше денови кога лежев во кревет, голтав таблети и плачев. Ми беа потребни таблети во телото за да се чуствувам нормално, но мене ми беше само полошо. Беше тоа магепсан круг – раскажал Еминем.

Сепак, ни тој момент не му бил пресуден да престане со дрогата, па имал уште кризни моменти пред да побара помош од Елтон. Популарниот пејач му помогнал на Еминем да престане да конзумира опојни средства.

– Елтон Џон ми беше совршен ментор. Му се јавуваше секоја недела да го праша како напредува и така станаа многу блиски – пишува Антони Боза во биографијата.

Пред Елтон, кој и да се обидел да му помогне, Еминем го бркал од себе. Не сакал да прифати дека има проблем.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1