Милионерка пронадејна забетонирана во ладилникот ВИДЕО


Милионерката од Тајланд, Ване Јирачароенјинг (58) е пронајдена мртва во нејзиниот стан, забетонирана во замрзнувач.Таа последен пат била видена на 18 октомври кога посетила храм во северен Тајланд.

Бидејќи не му одговарала на пораките, загрижениот брат Ворафан (59) отпатувал во таа област за да ја пронајде.

Меѓутоа, нејзиното тело било пронајдено во замрзнувачот во неделата, а над него имало бетон.

Инспекторите покренале истрага за убиство и трагаат по нејзиниот пријател, означен само како Ом. Во меѓувреме, тој исчезнал.

Покрај тоа, од сметката на жртвата е земена голема сума, а исчезнале нејзиниот автомобил и банкарските картички.Се верува дека Ом може да даде информации за тоа што се случило со милионерката која донирала стотици илјади евра во хуманитарни цели.

Граничните премини се проверуваат бидејќи се сомневаат дека Ом ја побегнал од земјата.

„Дознавме од банката дека парите се подигнати по нејзината смрт. Кога семејството го изгубило контактот со неа, осомничениот ги подигнал парите од три банкомати. Досега, тој веќе подигнал околу 35.000 евра“, навела полицијата.Телото е пронајдено откако соседите се пожалиле на смрдеата што доаѓала од нејзиниот стан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1