Американката Џули Брискман, која во октомври 2017 година беше снимена како на претседателот Доналд Трамп му покажува среден прст додека вози велосипед покрај претседателската поворка, го порази републиканскиот противкандидат и го освои мандатот на надзорниот совет на округот Лудуна во Вирџинија.
„Фантастично е чувството, нереално е“, изјави 52-годишната мајка на две деца за „Вашингтон пост“.
Откако нејзината снимка се појави на социјалните мрежи, Брискман беше отпуштена од работа, а потоа ја тужеше компанијата „Акима“, обвинувајќи ја за кршење на нејзиното право на слобода на говор и изразувајќи загриженост од одмаздата на администрацијата на Трамп. Таа не доби работа, но доби отпремнина.
US: Fired for showing middle finger at Trump’s convoy in 2017, woman now wins local election https://t.co/x3zFlbQOYF
— scroll.in (@scroll_in) November 7, 2019
Според нејзината веб-страница, таа водеше кампања за поголемо финансирање на образовниот систем и подобри плати на наставниците, еднаква плата за жените и мажите и за поддршка на малите бизниси.