ДОСИЕ: Хаварија во Охис, истекува токсична материја, предизвикува слепило и смрт – воздухот загаден околу фабриката


Во фабриката Охис во моментов истекува високо токсична и опасна материја -матенол. Според првичните неофицијални информации при преточување на цистерна неконтролирано почнала да истекува токсичната материја, објавува ДОСИЕ.МК

Метанолот е токсична материја која доколу дојде во допир со организмот во мали количини предизвикува слепило, а во поголеми и смрт.

Екипа на Досие е на терен и постојано ги објавуваат најновите информации за оваа хаварија на Досие.мк. според последното инфо токсичната материја го загадила воздухот и пошироката околина околу фабриката.

Според информации хаваријата се случила на пладне , но интервенција од служите била побарана дури три часа подоцна. Бавната интервенција на институциите се должи на недостаток на соодветна опрема за интервенција.

Околината не е евакуирана , жителите не се информирани дека се работи за материја опасна по живот. Дижењето на медиумските екипи е дозволено до капијата на фабриката , но не се информирани дека воздухот е можеби токсичен и дека испарувањето може да предизвика слепило.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПРОЧИТАЈТЕ НА – ДОСИЕ.МК

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1