Директорот на фирмата која го врши препакувањето на истискиот хемиски отпад, Владо Момировски во изјава за ТВ 24 рече дека отпадот кој денеска истече во ОХИС е веќе собран, нема опасност и нема повредени.
-Не е опасно, нема повредени. Заврши се, се е собрано во буриња, специјални буриња, спремни за извоз. Вентилот е поправен, еве моите вработени веќе се повлекоа, се е завршено. Истече вода со која се перела цистерна, во која имало мали делови од хемикалијата, значи не самата хемикалија. А водата не може да истече надвор, туку во заштитниот бетонски базен, рече Момировски.