16-те македонски спортисти – учесници на ултра-маратонот во чест на Тоше Проески во кои во саботата тргнаа од Нова Градишка, Хрватска стасаа во Крушево.
Ги пречека министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Маратонците се поклонија на гробот на Тоше, а исто така Канческа-Милевска, по повод петгодишнината од смртта на најголемата музичка ѕвезда Тоше Проески, положи свежо цвеќе на неговиот гроб во Крушево.