Не се повредени само двете црногорски момчиња од кои едниот малолетник. Според изјави на очевидци и блиски на повредените за МКnews.MK во чаршија денеска имало најмалку 2 одделни инциденти во кои според нашите информации нападнати и повредени биле 5 лица.
По тепањето на 2 момчиња од Црна Гора, речиси на истата локација , на плочникот кај стоковна куќа мост, на влезот во старата скопска чаршија од поголема група млади албанци нападнати биле 3 момчиња од Белград. Им пришле прво две лица и ги прашале од каде се, откако одговориле дека се од Белград поголема група се втурнала кон нив. Откако им нанеле физички повреди групата избегала, а тие биле згрижени во градската болница.
момчињата имале убодни рано од нож – едниот од нив имал убодна рана во пределот на белите дробови и е задржан во болниц, се работи за сериозна повреда. другите двајца имале повреди на главата. според нивните кажувања ги тепале со пендрак и со шишиња ги сечеле.
Едно од повредените момчиња има роднини во Скопје. Тие тврдат дека полицијата им земала изјави и на овие лица. овој инцидент кои се случил веднаш по нападот на двете момчиња од Црна Гора.
РТС јавува за ваков инцидент во кои 3 срби биле избодени со ножеви. Ртс се повикува на агенцијата АП, според која навивачите на Србија со ножеви биле избодени од група млади.
Тие информираат и дека навивачи биле вратени од граница поради безбедносни причини. Македонската полиција вратила вкупно 61 навивач, а српската полиција вратила 17, кои немале влезници за натрпеварот Македонија – Србија, пренесува РТС
Повеќе информации за повредените момчиња од Црна Гора на овој ЛИНК