МВР: Повредени 3 Срби кај чаршија – еден потешко


Тројца српски навивачи се повредени попладнево околу 14 часот кај стоковната куќа „Мост”.

Еден од навивачите е потешко повреден, прободен со нож и е задржан на лекување во Ургентниот центар, јавува Макфакс.
Според информациите на СВР Скопје, поголема група ги нападнала тројцата навивачи од Белград кои имале 19 и 20 год. Фрлале камења и шишиња кон нив, а деветнаесетгодишниот навивач бил избоден со нож во грбот. Кај другите двајца навивачи, лекарите констатирале тешки повреди.

Претходно, двајца црногорски државјани беа повредени во тепачка што се случи во 12.30 часот кај трговскиот центар Мавровка.

Како што претходно информиравме постојат засега најмалку 5 повредени. потврдени се 2 инцидента повеќе инфо ОВДЕ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1