ПРЕД ИЗБОРИ: Пензиите од Нова година ќе се зголемат од 700 до 730 денари


Пензиите од Нова година ќе бидат зголемени за 700 денари, најави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата за презентација на буџетот за 2020 година.

– Владата се одлучи за ваквото покачување на пензиите имајќи ги предвид економските параметри односно зголемувањето на просечната и минималната плата. Зголемувањето на пензиите ќе биде од 700 до 730 денари“, рече Заев.

Тој најави дека министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на посебна прес-конференција ќе ги каже деталите за покачувањето на пензиите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1