Гимнастиката е во шок откако младата 20-годишна Мелани Колмен почина како последица на здобиените повреди. Мелани беше гимнастичарка на Универзитетот Јужен Конектикет, а фаталните повреди по нејзиниот живот ги здоби за време на рутинска вежба.
– Нашите мисли и молитви се насочени кон семејството на Мелани – изјави директорот на атлетискиот клуб на Јужен Конектикет, Џеј Моран.
Веднаш по трагичниот настан во кој животот го загуби нивната ќерка, се огласи и семејството.
– Убедени сме дека духот, насмевките и хуморот на Мелани ќе живеат
пшреку оние кој највеќе ја сакаа – порача семејството Колмен.