Специјалното јавно обвинителство и следната година ќе има за трошење 3,7 милиони евра, дознава ТВ 24.
„Во предлог буџетот за следната година стои дека СЈО ќе има на располагање исто толку пари, како и оваа година, без разлика што обвинителите и предметите не се повеќе таму. Дури 1,2 милиони евра се предвидени за плати на вработените во СЈО, а 2,4 милиони евра за стоки и услуги. Во моментов во Специјалното обвинителство се вработени 90 лица“, дознава ТВ 24.
Парите за СЈО ги побарала, сега притворената Јанева, додека се уште ја вршела функцијата, а Министерството за финансии е должно да ги предвиди во буџетот и покрај тоа што „СЈО е мртво’ но „мандатот на обвинителството, без обвинители, завршува во септември следната година“.
Владата го усвои буџетот за 2020, 3.9 милијарди евра. Колку загадувањето е сериозен проблем за владата?
Според парите кои се наменети за решавање на загадувањето – владата смета дека загадување речиси и да нема. За решавање на овој проблем владта ќе издвоелеа 1,5 милиони евра, а ако знаеме дека за подмачкувачи или лубриканти за хомосексуалната заедница владата дава 1 милион евра.
За плати и надоместоци за пратениците се проектирани 4,9 милиони евра, што е за речиси 300 илјади евра повеќе од годинава. Само за патни и дневни трошоци ќе се излее еден милион евра.