Прва фотографија на Вучиќ откако излезе од болница


Српскиот претедател кој изминатиов викенд гопомина во болница се врати на работните обврски, па објави и фотографија која е малку невообичаена за него, но се чини дека сакаше да покаже дека се чувствува добро.

Имено Вучиќ легнат на подот покрај својот Шарпланинец напиша дека се вратил на своите работни обврски.

„Убав пречек утринава на работа! Пако е подарок кој го добив од Патријархот Иринеј, а ја прославивме неговата награда“ напиша српскиот претседател на својот Инстаграм профил утринава.

Шарпланинецот освоил прва награда на белградскиот ЦАЦИБ- натпревар за кучиња одржан во неделата.

Потсетуваме дека Вучиќ беше задржан во болница поради проблеми со срцето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1