Боки без бубрег во Шутка, а Катица во куќен притвор


Бранител на Бојан Јовановски Боки – 13, адвокатот Сашко Дукоски денеска на прес-конференција побара неговиот клинет итно да биде хоспитализиран и да биде лекуван, поради сериозни здравствени проблеми. Според Дукоски, Боки 13 има проблеми со желудникот, констатирана е целосна нефункционалност на левиот бубрег, за што цитираше и медицински документи, а антибиотската терапијата што му била препишана не му била овозможена.

Боки – 13 е обвинет во случајот „Рекет“ и се наоѓа во притвор во Затворот Скопје. Според Дукоски, тој е речиси 120 дена во притвор, а за тоа време најмалку 30 пати бил однесен на лекарска интервенција.

– Клиниките во Скопје предлагаат и бараат хоспитализација бидејќи не може да се спроведе третманот на овој пациент во Затворот Скопје, меѓутоа тоа не се дозволува од затворскиот лекар, обвини Дукоски.

Дуковски вели дека неговиот клиент не може самостојно да се движи, мокри крв и му треба помош да оди по голема нужда.

– Се поставува прашањето дали за секого и за сите граѓани важи Уставот на Република Македонија и член 8, член 9 и член 11. Како се тоа еднакви кога не може да му се пружи медицинска заштита. Не бараме милост, но заслужува еднаква нега. Не бараме таа нега да биде извршена во некаква приватна клиника, туку во универзитетските клиники и болницата „8-ми Септември“. Право на здравствена заштита што следува на секој пациент во државата, изјави Дукоски.

Инаку денес Апелација одлучи да ја испрати Јанева во куќен притвор

Скопскиот Апелациски суд попладнево донесе одлука со која ја уважи жалбата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и и одреди мерка куќен притвор.

– Преиначено е првостепеното решение и одредена е мерка куќен притвор, заедно со мерки за претпазливост, велат од Апелацискиот суд

Лекарската документација, додаваат од Апелација, укажува дека и со мерката куќен притвор може да се обезбеди присуството на Јанева.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1