ГРАД СКОПЈЕ СЕКОЈ ДЕН ЌЕ ИЗБИРА НАЈДОБРА СЛИКА ОД СЕДЕЊЕ ДОМА, ЌЕ НАГРАДУВА СО ПО 100 ЕВРА


Град Скопје со награда од 100 евра ќе ги мотивира граѓаните да седат дома. На Официјалната страна на Градот се појави повик под хаштаг СкопјеДома.

– Избираме најдобра фотографија на тема #СкопјеДома секој ден и доделуваме награди за најкреативните од вас! Испратете ни автентична фотографија/видео/гиф од вашиот дом како го поминувате времето поминато во изолација сами, со вашето семејство или милениците, а Град Скопје ќе ги избира најдобрите секој ден и ќе им доделува награди во висина до 100 евра.

Помогнете им на здравствените работници! Останете дома за да го спречите ширењето на виру*от и учествувајте во конкурсот секој ден, се вели во повикот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1