Денешни ОДЛУКИ НА ВЛАДАТА


👉МНР и Министерството за здравство да ги споделат сите списоци на наши државјани кои се затечени на граничните премини надвор од државава, а во моментов организирано или поединечно се враќаат дома.

👉 МВР на секое лице кое ги напушта границите на земјава, да му даде да потпише лична изјава со која ќе се обврзе во наредните три месеци да не се врати назад. Исклучок се возачите на товарните моторни возила кои секојдневно преминуваат граничен премин и граѓани кои ги напуштаат границите поради лекување во странство.

👉Сите производствени капацитети во општините Дебар и Центар Жупа да го организираат својот работен тек и процес, како и влез и излез во овие подрачја, согласно посебен режим и протоколите на Министерството за здравство, по примерот на фабриката Кнауф Радика АД.

👉 МВРи Царинската управа на да стапат во контакт со АД Пошта на Северна Македонија, со цел да постапуваат согласно протоколите за превоз и транспорт за непречено спроведување на размена на пошта на меѓународниот поштенски сообраќај, потврдени со Министерството за здравство.

👉Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески да стапи во контакт со директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со цел да се реши проблемот со дозволите и протокот на премин на граничните премини во Република Северна Македонија за македонските возачи на товарните моторни возила.

👉Мила Царовска, заменик на претседателот на Владата да преземе активности и координација помеѓу Министерството за економија, Царинска управа и стопанските комори, за да се разгледа можноста сите медицински помагала и потрошниот медицински материјал кои се увезуваат да се ослободат 100% од царинските давачки.

👉МВР и Министерството за здравство согласно протоколите и проценките да преземат соодветни мерки и активности кон лицата кои во текот на денешниот ден ќе слетаат во Скопје со чартер лет од Германија.

👉ОВР Шуто Оризари да ги интензивира теренските контроли на територијата на општината во функција на спречување од организирање на групни собири.

👉МНР да направи проценка колку наши државјани се надвор од државата, а бараат да се вратат, и врз основа на оваа проценка да се оствари контакт со WizzAir, со цел преку чартер лет организирано да се вратат. Ова ќе биде последна преземена мерка од Владата кон државјаните кои се надвор од границите.

👉Фондот за здравственото осигурување да ги интензивира контролите и надзорите кон ординациите на матичните лекари, имајќи предвид дека има зголемена појава на затворање на овие ординации.

👉Министерството за здравство да стапи во контакт со приватните производствени капацитети кои имаат доставено понуда за производство на заштитни маски.

👉Министерството за здравство да стапи во контакт со приватните здравствени болници, со цел согласно нивните можности да се ослободат нивните здравствени капацитети за потребите на Министерството за здравство во справувањето со настанатата ситуација и преку соодветен правен инструмент (договор за соработка, меморандум и сл) да ги дефинираат начинот, условите, критериумите и обврските на двете страни.

👉На предлог на Царинската управа се задолжува Агенцијата за храна и ветеринарство да отстапи две пумпи за потребите на Царинската управа на граничните премини.
Image may contain: 4 people, people sitting and indoor

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1