Обвинителството отвори предмет за масовното присуство на граѓани на литијата во Струга


Струшкото обвинителство ќе ги сослушува свештениците кои ја организирале Литијата а ги побарале и снимките од безбедносните камери на околните објекти. Обвинителството отвори предмет за масовното присутво на граѓаните на струшката Литија. Ќе ги идентификува лицата и ќе утврдува дали граѓаните присуствувале самоиницијативно на настанот.

Побарано е да се идентификуваат и повикаат организаторите на Литијата за да се утврди дали настанот бил уредно пријавен, кој требало да учествува, каква дозвола добиле и дали е постапувано согласно истата, како и дали презеле дејствија како организатори да нема присуство на граѓани или пак со редарска служба да го обезбедат евентуалното присуство на граѓани, а во насока на примена на здравствените прописи во услови на опасност од ширење на заразната болест предизвикана од вирусот COVID-19.

Министерот Филипче разочаран од фотографиите објавени повика да се спроведе истрага за настанот. Тој смета дека ваквиот собир бил целосно не почитување на здравствените работници кои деноноќно се справуваат да се надмине кризата.

„Од почетокот постојано повторувам дека без поддршка од граѓаните, здравствените работници не можат да направат ништо. Буквално ништо. Ако сакаме да го задржиме овој позитивен тренд мора ги почитуваме мерките без исклучок. Исто така, барам да се спроведе истрага како се дозволило да се случи ваков вид на собир кој е строго забранет. Апелирам до граѓаните да се воздржат од било какви собири за да конечно почнеме да го враќаме животот во нормала“, напиша Филипче.

Техничкиот премиер Оливер Спасовск побара да бидат санкционирани организаторите и сите кои имале надлежност а не го спречиле масовното присуство на граѓаните.

Нема поголем приоритет, нема поголем интерес поединечен, на одредена група, на верска заедница, на политичка партија. Јас очекував дека навистина верските заедници ќе имаат поизразито чувство за животот и здравјето на граѓаните и сум длабоко разочаран од постапката која се направи вчера во Струга како човек.

Според министерот за внатрешни работи Наќе Чулев настанот очигледно не бил добро организиран и полицијата ќе спроведе истрага и ќе постапис огласно законите.

Да видиме кои се пропустите што се направени од страна на полициските службеници во Струга и во СВР Охрид. Имавме вакви случаи во Сингелиќ и Гевгелија, не е прв случај, генерално граѓаните ги почитуваат мерките, но се работи за важен верски настан којшто не е добро организиран очигледно.

Црквата се оградува и вели дека организацијата била согласно мерките и насоките на Владата. Епархискиот митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и на литургијата која утрото се одржуваше во дворот на црквата, порача пред верниците дека на Литијата ќе се приклучат само свештенството и монаштвото согласно мерките за заштита од вирусот. Одговор за тоа кој е виновен за масовното движење на граѓаните по струшката чаршија упатија кај надлежните.

Од храмот Св. Георгиј одговорија на обвинувањата и апелираат до политичките партии и сите општествени чинители да не ги користат активностите на црквата за наведување на граѓаните да не ги почитуваат мекрите. Потенцираат дека самоволието предизвикува несакани и неблагословени нешта.

Со цел да не згасне оваа древна културна манифестација во Струга, која, патем, е дел од значајното културно наследство на Македонија, заштитено со закон, а во исто време да се испочитуваат и профилактичките мерки донесени од страна на Владата, во соопштението од Црквата по повод овој настан, објавено на 4 мај, и проследено од страна на голем број медиуми, беше сосема јасно укажано дека верниците треба да се придржуваат на превентивните мерки на државните и здравствените власти, стои во соопштението.

Во Струга се одржа традиционалната литија по повод празникот Светиот Великомаченик Георгиј. Одржувањето на настанот беше најавен на 4 мај а за време на литијата беше присутна и полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1