Предлогот на Комисијата за заразни болести е да се воведе карантин за престојниот викенд за цело Скопје, Штип, Куманово и Тетово од утре во 21 до понеделник до 05 часот, за другите градови ќе има полициски час од 16 до 05 часот, дознава Фокус.
Викендов е Духовден или Задушница, кога традиционално, христијаните ги посетуваат гробиштата, се собираат многу луѓе на едно место и се дели храна.
Со оглед на тоа што бројките на заразени достигнаа оклу 100 на дневно ниво и на починати од 2 до 7, Комисијата за заразни болести на вонредниот состанок денес донесе таква одлука, за која последен збор ќе имаат на владина седница.