Поради отсуство на првообвинетиот Бојан Јовановски, судијката Софче Гаврилова Ефремова го одложи денешното рочиште за случајот Меѓународен сојуз.
![](https://mkd-news.com/wp-content/uploads/2020/07/boki-sud22.jpg)
Јовановски пред два дена беше итно опериран поради проблеми со желудникот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски, каде што и се наоѓа во моментов.
Во случајот „Меѓународен сојуз“, обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска, за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.
Наредното рочиште е закажано за 24-ти септември.