ВМРО-ДПМНЕ: Паника кај власта е истрагата за политичкото рекламирање


ВМРО-ДПМНЕ негира дека има незаконитости во исплатите кои партијата ги правела кон медиумите за време на парламентарните избори.

-Очигледна е паниката кај власта по реките, народ по улиците против владеењето и трговијата со се што е свето за граѓаните, па денеска политичкото обвинителство во ликот и делото на Вилма Рускоска организира напад врз медиуми, што го продаваат како некакво справување со корупција, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата побараа обвинителството да го истражи и рекламирањето на СДСМ кое во текот на кампањата, дневно за реклами на социјалните мрежи, партијата плаќала и до 27 илјади евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1