Комисија за заразни болести: Нема да има затворање на општини, се размислува за скусување на работното време


Комисијата за заразни болести на редовниот состанок денеска нема донесено нови препораки во однос на понатамошно спречување на ширењето на заразата со корона вирусот во Македонија. Членовите очекуваат денеска Владата да ги усвои нивните минатонеделни препораки кои се однесуваат пред се на задолжително носење маски и на отворено, се забранува групирање на повеќе од четворица на јавни простори по 22.00 часот, како и забрана на семејни собири, всушност со оваа препорака едно семејство смее на гости да прими најмногу четворица луѓе.

-Денеска немаше ништо посебно на состанокот. Се дебатираше околу тоа од каде е толкавиот број на новозаразени, но за сега не одлучуваме за други рестриктивни мерки, освен за оние кои ги препорачавме минатата недела, а кои очекуваме денеска Владата да ги усвои. Во зависност од актуелната состојба и епидемиолошката слика на земјава, можеби ќе размислиме евентуално за намалување на работното време, но не само на кафеаните и угостителските објекти, туку скратувањето на работното време, реазмислуваме да биде за сите, и пекарници, и рестораните за брза храна, и маркети и молови. Ова би било со цел да не се чувствуваат дискриминирани едните или другите, велат денеска од Комисијата за заразни болести за Фактор.

Инаку, во моментов во Македонија има 4.015 активни случаи на ковид, а изминативе денови од вкупниот број тестирани, дури 23 отсто беа позитивни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1