ЏО БАЈДЕН 46. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД – ГО ПОБЕДИ ТРАМП ВО ПЕНСИЛВАНИЈА


Џо Бајден ќе биде 46. претседател на САД, објавија светските медиуми, откако Пенсилванија прогласи негова победа.

Иако неколку сојузни држави се уште ги немаат објавено резултатите од гласањето, победата во Пенсилванија му носи 20 електорски гласови, доволно за да го надмине прагот од потребните 270. На национално ниво, тој досега има освоено над четири милиони гласови повеќе од Доналд Трамп.

Бајден ќе има 78 години на инаугурацијата, со што ќе биде најстариот претседател во историјата на САД. Тој се враќа во Белата куќа после четири години, откако претходно беше потпретседател во двата мандата на Барак Обама.

Истовремено, Камала Харис ќе биде прва жена на функцијата потпретседател.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1