ДСЗИ и наложи да директорката на клинката во Битола да обезбеди соодветен простор за починати пациенти


На директорката на Клиничката болница во Битола и е наложено да обезбеди адекаватна просторија за починати пациенти или да ја прошири моргата која ќе одговори на потребите, по инспекцискиот надзор што го изврши Државниот санитарен и здравствен инспекторат откако во медиумите беше споделено видео дека во иста просторија во тријажниот центар пациенти примаат инфуција и има починати.

Директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова вели дека веќе се поставени и паравани и се задоволени потребните критериуми за почитување на правата за приватност на пациентите, а изречено е решение за санирање на санитарниот чвор што со претходно решение бил забранет за употреба.

ДСЗИ досега иницирал 21 вонреден инспекциски надзори, а во тек се девет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1