Антикорупциска ќе истражува како и кога во ИЈЗ била вработена ќерката на Жарко Караџовски, откако таа оваа информација вчера ја објави на фБ. Комисијата ќе проверува и дали има судир на интереси што таа е задолжена да ја објавува дневната ковид статистика кога нејзиниот татко претседава со комисијата за заштита од заразни болести. Ако има прекршувања на законот ќе има и постапката, посочуваат од антикорупциска.
По вчерашниата објава на Караџоска во која ги навредува новинарите, таа денеска била повикана на разговор кај директорот на ИЈЗ Шабан Мемети. Тврдела дека тоа е личен став и го направила од лични причини, а утрово ги избришала сите навредливи статуси.
Постапката за вработување на Караџовска денес ја проверувал и вице премиерот за борба против корупција и криминал. Од неговиот кабинет информираат дека работата ја добила во 2014 година, а во тој период тврдат дека нејзниниот татко не одлучувал за вработувања.