По кратко боледување од срцеви компликации денеска почина Мирко Голомеиќ. Тој пред само неколку дена наполни 59 години.
Мирко го знаеме како основач и сопственик на семејната групација „Рагуза”, меѓу кои се и бутик-хотелот „Вила Рагуза” на Водно, ресторанот „Рагуза 919“, ресторанот Парк и игротеката Киндер Парк во Градски парк, како и ресторанот „Рагуза360“.
Погребот ќе се одржи утре во 12 часот, на гробиштата во Горно Лисиче.