Шилегов: Следи поголема казна за возачот на „Бентлито“ – 45 евра е само првична казна


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вели дека казната од 45 евра за возачот на „Бентлито“ кое вчера влета на плоштадот во Скопје меѓу луѓе, е само првична казна, а ќе следува и друга поголема.

„Постојат и елементи на кривично дело и тоа ќе биде процесуирано“, објасни Шилегов.

Тој сепак вели дека е задоволен што властите веднаш реагирале и вели дека казната од 45 евра е само почеток за возачот на „Бентли“.

„Она што е минимумот, тоа е прекршочна постапка и издавање на глоба од 45 евра“, рече Шилегов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1