По силниот земјотрес татко и дете спасени од урнатините во Петриња


Татко и дете се спасени од урнатините на една зграда по силниот земјотрес во Петриња.

Улиците на Петриња се полни со урнатини. Голем број згради се оштетени, а спасувачите трагаат по преживеани. Сите достапни противпожарни единици од Загреб се на пат кон Петриња да помогнат во акцијата за пребарување и спасување.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) процени дека денешниот земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтер со епицентар во хрватскиот град Петриња го почувствувале шест милиони луѓе.

Земјотресот се почувствува низ целиот регион.

Програмата за опасност од земјотреси на Американскиот геолошки институт (УСГС) проценува дека земјотресот во Хрватска, освен во Црна Гора, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, бил почувствуван и во Чешка, Германија, Унгарија, Италија, Романија и Австрија.

Во земјотресот кој предизвика големи рушевини во Петриња, загина едно дете потврди градоначалникот Даринко Думбовиќ. Станува збор за 12-годишно девојче.

„Како да сме Хирошима, ми снема половина град. Во моментов сум пред мртво девојче кое загина, чекаме помош“, изјави Думбовиќ за ХРТ.

„Извлековме мало дете од четири години, градот е уништен, не може повеќе да се живее во него. Катастрофа, мајките плачат за своите деца, не знам што е во една градинка, што во другата. Сопругата ме бара, нешто и паднало на глава. Ни треба помош, потребни ни се итни служби“, нагласил тој.

Улиците на Петриња се полни со урнатини, оштетени се голем број згради, а спасувачите трагаат по преживеани, објави телевизијата Н1.

Сите достапни противпожарни единици од Загреб се на пат кон Петриња, каде спасувачките служби и пожарникарите со голи раце ги пребаруваат урнатините.

Татко и дете биле извлечени од станбена зграда и со возило на брза помош биле пренесени во болница. Засега е непознато со какви повреди се здобиле, но ги однеле на носилки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1