Административците, најверојатно нема да се вратат на работа од понеделник. Владата чека мислење од Комисијата за заразни болести, која пак, до крајот на неделава не планира состанок. Поради намалениот број новозаразени, минатата недела Владата најави можност за враќање на администрацијата од 1 февруари во полн состав. За овој став, претходно ќе побарале мислење од Комисијата за заразни болести.
Да не се брза со враќање на административците на работа, препорачаа и од Синдикатот и министерството за здравство. Полните канцеларии и автобуси ќе создадат поголема гужва, што може да влоши епидемиолошката состојба.
До сега, според информациите од синдикатот и покрај тоа што одат редуцирано на работа, над 450 администартивци се инфицирале со вирусот.