Бугарската полиција го уапсила Игор Спасов, специјалецот во МВР кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски.
Бугарската полиција нѐ извести дека денеска во Софија е приведен Игор Спасов по наша распишана меѓународна потерница, велат извори од МВР.
Спасов беше пуштен од затворот „Идризово“ во 2018-та година поради лекарски вешти наоди дека морало врз него да се извршат две хируршки интервенции. Во затворот требал да се врати на 18 октомври, но наместо тоа избега.
Спасов до смрт го претепа Нешковски на победничката прослава на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година на плоштадот Македонија. Осуден е на 14 години затвор.