Вакцината на АстраЗенека нуди 79% ефикасност и штити од хоспитализација, покажува истражување во САД


Астра Зенека вакцината е 79 отсто ефикасна во спречување на симптоми на корона и 100 осто ефикасна во спречување на тешки форми на болеста и хоспитализација.

„Ова се резулатите од долгоочекуваната американска клиничка студија за нашата вакцина“, објави фармацевската компанија.

Учествувале 32.000 волонтери а 20 отсто од нив се на возраст од над 65 години. Истражувањето, додаваат од компанијата покажало дека вакцината е ефикасна кај сите возрасти и немало безбедносни проблеми во врска со згрутчување на крвта.

АстраЗенека соопшти дека резултатите треба да го отворат патот вакцината да биде одобрена од американскиот регулатор во следните два месеца.

Таа е одобрена во повеќе од 50 земји.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1