На новинарско прашање денеска во Делчево дали премиерот Зоран Заев очекува отпор за вакцинирање со вакцината на АстраЗенека која пристигнува во недела, Заев кажа дека очекува масовно прифаќање на вакцините во државата.
Јас очекувам масовно прифаќање на вакцините во Република Северна Македонија. Има една предност што сме земја со задоцнување со вакцините, земјите членки на ЕУ почнаа пред нас и можевме да согледаме предности или слабости и сите можеме да заклучиме дека вакцините се здрави, дека вакцините треба да ги користиме сите, рече Заев.