Нови рестриктивни мерки нема да има


Нови рестриктивни мерки нема да има, потврдија за Сител од Министерство за здравство.

На состанокот на Комисијата за заразни болести беше разгледана актуелната состојба со епидемиолошката слика во земјава каде Комисијата заклучи дека нема потреба од дополнитени рестриктивни мерки во земјата.

На сила останува мерката полициски час од 22 до 05 часот, која ќе трае до 6 април.

Комисијата за заразни болести повторно ќе заседава во вторник наредната недела кога повторно ќе ја разгледува епидемиолошката состојба.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1